Заев до Бајден: Иднината е светла


Премиерот Зоран Заев упати честитки до Џо Бајден по прогласувањето на неговата победа на претседателските избори во САД.

„Честитки за новоизбраниот претседател и потпретседателката. Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината е светла“, напиша Заев во честитката на Твитер.