Заев: Денеска не е ден за пораки за поделби, туку ден за сплотување


 

Премиерот Зоран Заев, денеска не сакаше да ги коментира политички пораки на претседателот Ѓорге Иванов, зат ашто рече дека денеска,не е дел за поделби, туку за сплотување, за единство, за потврдување на соживотот, но и за вербата во Бога која што, меѓу другото, повикува и на меѓусебно разбирање, почитување, помагање и поддржување.

„Ние во нашата земја имплементираме многу вредности на ЕУ. Една од најголемите наши европски вредности e мултиетничкото општество како богатсво во кое живееме заедно. Веруваме во вредностите на различните традиции и култури. За нас тоа е најдобриот дел од ЕУ. Ние сме ЕУ во мало и тоа го потврдивме денеска уште еднаш“, рече Заев.

Заев на зборовите на папата гледа како на офрабрувачки пораки за евро-атлантски интеграции.

„Да, тие зборови се големо охрабрување за нас. Понекогаш сите ние, вклучувајќи не и нас политичарите, ги заборавиме христијанските вредности на кои треба да бидеме фокусирани во нашето секојдневие, кои не охрабруваат за решенија на проблемите. Јас верувам дека имаме капацитети да ги совладаме сите прашања што стојат пред нас што не држат долго време надвор од ЕУ. За мене лично, ова е охрабрување да го продолжам нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ“, рече Заев.

Заев рече дека по посетата на папата очекува во Скопје „ако треба би се сретнал со претседателот Макрон десет пати, со премиерот Руте и канцеларката Меркел“.

„Тоа го прават моите пријатели Алексис Ципрас и Бојко Борисов зашто пред нас стои голема одлука, да ги отвориме поглавјата за преговори. Тоа е втората наша голема цел. Првата цел е веќе остварена – членството во НАТО. Процесот на ратификација на Протоколот за пристапување е веќе во тек. Дванаесет земји веќе го потпишаа, почнувајќи од Грција. Одлуката треба да ја донесат Европската Комисија, но и лидерите на земјите членки на ЕУ зашто сите 28 членки треба за ова да одлучат ова лето. Како што реков, 14 години е премногу долго време во чекалната пред вратите на ЕУ. Денешната посета на Папата го потврдува тоа, но беше потврдено и со претседателските избори“, вели Заев.

Според Заев, посетата на папата на Северна Македонија и на Бугарија е силна порака и за сите останати од регионот, „дека во овој регион се случуваат прогресивни работи, дека правиме активности што водат кон солидарност и разбирање и почитување“.