Заев: Борисов го признава македонскиот јазик


Фото: Б. Грданоски

 

Во гостувањето на Телевизија 24, лидерот на СДСМ Зоран рече дека бугарскиот премиер Бојко Борисов го признава македонскиот јазик и тој е составен дел и од Договорот за добрососедство со Бугарија.

-Сум разговарал сo премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Тој го признава македонскиот јазик, македонскиот јазик е составен дел од Договорот за добрососедство со Бугарија, не само зашто стои македонскиот јазик согласно Устав и бугарски јазик согласно Устав. Тој е со македонски текст потпишан од мене и од премиерот Борисов.  Втора работа, ако разговарате со нив нема дилеми за ова прашање.Проблемот е кога некој од внатре го отвора прашањето заради едностраната изјава што ја дава Бугарија, а која што е неусловен дел за нашиот датум за преговори, нагласи Заев.

Според него, дефинитивно бугарска позиција е да продолжи решавањето на историските прашања.

-Најдовме решение за цар Самоил, за Кирил и Методиј, Климент, Наум,… Ќе најдеме решение и за Гоце Делчев. Треба да знаат граѓаните дека решението е победничко за двете страни. Само тогаш имаме договор и решение. Кога опозицијата го отвора ова прашање, нормално е бугарската страна да се брани. Прашањето е, зошто опозицијата го отвора? Зашто доаѓаат избори. Повторно игра на картата на национализмот и на она на што значи популизам, порача Заев.