Заев ѝ порача на ДУИ дека по 17 години на власт е здраво да премине во опозиција


Лидерот на СДСМ Зоран Заев и порача на ДУИ дека е здраво по 17 години на власт партијата да ови во опозиција, останувајќи на претходните изјави дека СДСМ ќе победи на парламентарните избори, и дека тој ќе биде мандатар за составување на новата Влада. Одговарајќи на новинарско прашање што ќе биде доколку резултатите на изборите бидат тракви формирањето на владата да зависи од ДУИ и како ќе одговири на ултиматумот за премиер Албанец, Заев рече дека ниту тој, ниту пак, Ахмети или Мицковски не треба да прифаќаат ултиматуми.

Секако дека не. Ултиматум не треба да прифаќа ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети. Преговори меѓу партиите постоеле и постојат. Прв пат изнедривме мултиетничка коалиција и тоа е најсериозната гаранција за граѓанскиот концепт“, рече Заев денес на прес конференција.

Заев уште еднаш ја оцени кампањата на ДУИ за премиер Албанец како национал-популистички концепт поради кој ДУИ ќе изгуби на изборите на 15 јули.

„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат заедно во опозиција и тие си помагаат како ДУИ со ваквиот наратив да поминат во опозиција. Навистина, по 17 години на власт здраво е за државата, но и за ДУИ да помине во опозиција, партиите се подобруваат во опозиција“, рече Заев, додавајќи дека сепак, за ова одлучуваат граѓаните на избори, кому ќе го доверат својот глас.

Тој исто така им порача на двете партии, на ДУИ да се помачат да освојат и македонски гласови, а на ВМРО -ДПМНЕ да освои албански гласови и гласови на другите помали етнички заедници.