Заедничка регионална акција на ГП „Табановце“ – фатени криумчари и крадци


Фото: Б. Грданоски

Во периодот од 27 март до 4 април, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија заедно со претставници на полициите на Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, а во соработка со Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ и Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан-ИПА 2019 спроведоа заедничка акција „Артефакт“ на граничниот премин „Табановце“, патните делници кон Република Србија, како и по должината на целата граница со Република Србија.

При тоа, при влез во државата на ГП „Табановце“, кај македонски државјанин пронајдени се 1.120 парчиња монети со археолошка вредност, кај турски државјанин пронајдена е поголема сума на пари, конфискувани се три украдени возила, откриени два случаи на обид за криумчарење мигранти…

При изведувањето на активностите беше употребена специјализирана опрема за откривање и сузбивање на нелегалните активности, а искуствата од заедничката акција ќе бидат корисни за натамошната работа на полициските службеници од овие земји.