Заев: Скративме 7 милијарди денари непродуктивни трошоци, но треба многу повеќе


Фото: Б. Грданоски

Штетите од коронавирусот доправа доаѓааt од месец април и по буџетот и по компаниите, pосочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во дневникот на ТВ Сител. Тој негираше дека  државата доцни со барањето на помош, бидејќи според него процедурата е започната на почеток на месец март, но со оглед на тоа дека ниедна земја не е поштедена од вирусот, помош бараат и други земји и многу поголеми од нашата.

Тој истакна дека навремено биле известени и била побарана помош од ММФ, Светска банка, Европска инвестициона банка, Европска банка за обнова и развој како и приватните банки, од кои се очекуваат околу 400 милиони  евра.

-За да бидеме поефикасни на краток рок,мораме да бидеме солидарни и товарот да го понесеме заеднички.Работниците да земаат плата,бизнисот да работи, затоа и го предложивме овој пакет, но Владата тоа може да го разработи со посолидарни пакети и  во делот на компаниите и кај јавната администрација. Првиот чекор е кратењето во непродуктивните трошења, а вториот се кратењата кај јавната администрација. Државата веќе почнува со кратење на непродуктивните трошења, и по тој основ веќе има скратено 7 милијарди денари преку кратење на непродуктивните трошоци, но нам ни се потребно 60 милијарди денари-посочи Заев.