Во Македонија доминира гласањето по етничка и партиска линија пред сѐ поради тоа што изборниот модел е така поставен и поради тоа што моќта и контролата врз изборните процеси е пред сѐ кај големите политички партии, особено кај најголемата партија од власта, изјави Марјан Забрчанец, поранешен функционер од СДСМ.

-На партиите не им одговара граѓаните да гласаат по други основи, надвор од партиско-етничката рамка, бидејќи ако не е така тие нема да успеваат да ја задржат контролата дури и врз сопственото гласачко тело, оцени Забрчанец за Нова.