Забраната за движење на ја почитувале 52 лица, од нив 28 се приведени

Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 205 прекршоци.