Забраната за движење ја прекршиле 53 лица, 384 санкционирани за неносење маска


Фото: Б. Грданоски

 Во периодот од 21 часот вчера до 5 часот утринава 53 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, регистрирани се 384 прекршоци за неносење заштитна маска на лице  на територијата на државата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, за како што велат, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.