(Видео) Забрана за движење во Вардариште – „Дрисла“ ја презема Главниот штаб за управување со кризи


Фото: Б. Грданоски

Пожарот во депонијата „Дрисла“ ќе се обидат да го сузбијат со затрупување со земја, бидејќи гасењето со вода не дало резултати.

– Скопските пожарникари, во текот на целата ноќ се обидуваа да го изгаснат пожарот којшто вчера попладне изби на депонијата „Дрисла“ во Скопје. За жал, гаснењето со вода не даваше резултати, поради што  се пристапи на затрупување на најкритичниот дел од депонијата, кадешто беше најсилното горењ – рече дирекоторт на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Бидејќи на целата територија на државата е прогласена кризна состојба поради пожарите, надлежноста во депонијата „Дрисла“ ја презема Главниот штаб за управување со кризи, појасни денеска директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. 

Дадено е задача да се започне со агресивно затрупување на делот од депонијата „Дрисла“, каде најмногу чади. Ангелов очекува до попладневните часови овој дел да биде целосно затрупан и да прекине чадењето, кое предизвикува силни непријатности кај граѓаните. 

Повтори дека имаат индиции дека потпалувањето е намерно, бидејќи во текот на летото кога имаше екстремни горештини, спеак, не дојде до самозапалување на оваа депонија. 

Исто така, како што рече Ангелов, побарале од Владата да се забрани секаков вид движење и во депонијата Вардариште. 

– Исто така, денес, управувачкиот комитет, за управување со кризи ѝ предложи на Владата да донесе одлука за забрана за движење во депонијата  Вардариште. Оваа депонија ќе биде обележана и движењето  низ неа ќе биде казниво. на тој начин ќе спречиме злонамерници да се движат во оваа депонија. Истата ќе биде внимателно обезбедена и ќе спречиме намерно но и ненамерно нејзино потпалување – рече Ангелов.

Потсети дека МВР поднесе три кривични пријави против три лица, кои се во затвор, а управувале со диви отпади и вршеле откуп на метали, добивани преку процес на согорување на кабли и друг вид отпад на Вардариште. 

Ангелов тврди дека на Вардариште и на „Дрисла“ секојдневно има по едно возило кое врши догаснување, но и затрупување на местата кои чадат. 

Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина

Сѐ уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето на пожарот интервенираат седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

– Пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место, наведува ЦУК.