Забрана за „дизелаши“ – Германците се предомислија


 

Само возила со нула емисии до 2035 година. Такво решение предлага Европската унија и доби уште еден сојузник во оваа борба, Германија.

Дури, доведена е во прашање одредена идеја која беше некој вид спас за моторите со внатрешно согорување.

Пред еден месец германскиот министер за сообраќај Волкер Висинг се спротивстави на идејата на ЕУ да забрани продажба на автомобили со внатрешно согорување по 2035 година. Тој потег би бил значаен чекор кон намалување на вкупните емисии CO2 со елиминација на нула во секоторот патен сообраќај.

Темата повторно стана актуелна по најновиот состанок во Брисел. Овој пат, германската министерка за заштита на околината Стефи Лемке објави дека владејачката коалиција во Берлин во потполност го поддржува планот „во сите негови точки“. И тоа ја затвора вратата за едно од потенцијалните решенија.

Германија до сега се залагаше за забрана на продажба на традиционални бензински и дизелски мотори, но бараше моторите со внатрешно согорување да се сочуваат и по 2035 година, под услов да трошат синтетички годива Тие практично се CO2 неутрални. Сега пак, Лемке не дозволува ни таква можност, со што се затвора вратата на технологијата на која веќе некое време работат „Порше“ и „Ауди“. Некои земји, како Холандија или Белгија, дури одлучија забраната да се воведе и порано, односно од 2030 година.