Заборавете на скапите шампони – шест евтини намирници за брз раст и бујна коса


Како да се забрза растот на косата и како да се отстрани првутот се многу чести прашања, а има и храна што може да ви помогне во тоа.

Најдобро од сè, храната за побрз раст на косата е лесно достапна, не е скапа и веројатно веќе некои јадете, а не сте ни свесни дека помагаат!

Овие намирници го потикнуваат растот и здравјето на косата!

Јајца

Тие се богати со протеини и биотин! Протеините го сочинуваат најголемиот дел од фоликулот на косата, а недоволното протеини во исхраната може да доведе до опаѓање или слабеење на косата.

Биотин е клучен за создавање на кератин, протеин што веројатно сте го виделе на списокот на состојки во разни шампони. Со внесувањето на биотин, телото ќе го произведе подобро самостојно.

Јајцата се исто така одличен извор на цинк, селен и други состојки кои помагаат во растот и бујноста на косата.

Спанаќ

Богат е со витамин А, кој им помага на жлездите во кожата да лачат себум и да го одржуваат скалпот хидриран. Ако страдате од првут, јадете спанаќ!

Исто така, содржи многу железо, чиј недостаток е поврзан со опаѓање на косата. Железото им помага на црвените крвни клетки да дистрибуираат кислород, што овозможува побрз раст и закрепнување на косата.

Моркови

Одличен извор на бета-каротин, морковот е задолжителен ако сакате поубава коса. Помага при создавање на витамин А кој ја одржува косата здрава.

Семки од сончоглед

Само 50 грама од овие закуски содржат целосна дневна потреба на организмот за витамин Е, како и витамини од групата Б.

Витаминот Е помага при раст на косата, а семето содржи и витамин Б, кој нормално се користи во додатоците за побрз раст на косата.

Пиперки

Само една жолта пиперка содржи пет пати повеќе витамин Ц од портокал, а пиперките се моќен антиоксиданс. Тие го штитат нашето тело од оксидативен стрес, ја зајакнуваат косата и се богати со витамин А, кој е клучен за здравјето на косата.

Грав

Одличен растителен извор на протеини, гравот е добар избор кога сакате да ја збогатите вашата исхрана со протеини важни за раст на косата, без да јадете црвено месо. Исто така, содржи железо, биотин и фолати.