Заболениот од Тетово претходно бил во Заводот за рехабилитација – Козле


Венко Филипче има поддршка од околу 80 отсто од граѓаните за справувањето со корона кризата (Фото: Б. Грданоски)

Заболениот пациент од Тетово бил претходно хоспитализиран во Заводот за рехабилитација во Козле, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Исконтактирани се сите лекари кои биле во контакт со него. Со останатите 40-тина пациенти во Заводот тој не бил во контакт затоа што бил неподвижен.

Филипче рече дека сите потребни мерки се преземени за заштита и на медицинскиот персонал и на сите други кои биле во контакт со него.

Симптомите на корона вирус тој ги пројавил по пуштањето од Заводот.