Заболена вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство


Фото: Б. Грданоски

На Клиниката за инфективни болести во Скопје, по два контролни негативни теста, се испишани тројца пациенти, извести на прес конференција министерот Венко Филипче. Во исто време, дополни тој, примени се двајца нови.

Во болницата „8 Септември“ има шест пациенти кои се на респиратор со потешка клиничка слика, а во Битола четворица пациенти со лесна и стабилна состојба. Во Штип има уште четири новозаразени така што бројот таму е вкупно осум,но сите се со лесна клиничка слика.

Бебето, најмалиот пациент, кое е на Инфективната клиника, е во добра состојба и секој ден за неговото лечење се консултира педијатар.

Во врска со притвореникот кој бил во затворот во Шутка и кој беше заразен од корона вирусот, интензивно се работеше вчера и денес, шри што се направени прегледи и триесетина тестови на вработените и на притворениците.

Министерот ја потврди и информацијата што се ширеше во јавноста дека има заболена од корона вирусот во Агенцијата за храна и ветеринарство, така што седум колеги кои биле во контакт со неа, се во домашна самоизолација.