Забелеа планините во Србија – падна првиот снег


 

Како што најавија метеоролозите, во соседна Србија денеска е значително постудено, а тоа придонесе на планините да падне и првиот снег.

Многумина му се израдуваа на снегот, па на социјалните мрежи осамнаа првите фотографии кои прикажуваат снег на Копаоник, Златибор и други планини.

Сепак, според метеоролозите, снег во пониските делови од Србија можед а се очекува дури по 5 декември, а ако падне деновиве, тој нема да се задржува на тлото, кое е уште топло.