За Заев отворањето на прашањето со јазикот е провокација


Осврнувајќи се на неодамнешната бугарска декларација, донесена во октомври минатата година, а повторно актуелизирана изминатиов период, Заев тврди дека таа е за внатрешно користење на бугарските политичари, бидејќи Софија веќе даде поддршка пред Европа за Македонија.

-Оние кои се научени да работат во политиката со национализам, така и ќе продолжат да функционираат. Да повторам, македонскиот јазик никаде не е спорен, тој е впишан во Обединетите Нации и повторно се отвора ова прашање за политички популизам, се прават драми, а граѓаните ги знаат одлуките од Советот на Европа, документите се јавни.

Република Северна Македонија доби безусловен датум и постои некаква изјава од страна на Бугарија да ја читаме сите. Таа декларација е за нивен внатрешен став, но дефинитивно сите земји членки донесоа одлука за почетокот на преговорите. Низ преговорите, поглавјата, мораме да ги имплементираме сите ставки од договорите со Грција и Бугарија, а тие се за стратешко партнерство и во полза на сите инволвирани е да се спроведат. Да не заборавиме дека тоа се договори за двете страни да бидат среќни и да имаат придобивки. Ваквото отворање на прашањето е само заради политички побуди.

Со Бугарија сме пријатели и партнери. Таа е држава која не поддржа и првата која сакаше да помогне и треба да знаат граѓаните дека прашањето со јазикот е провокација, а ние сме признаени како Македонци со македонски јазик во целиот свет, одговори лидерот на СДСМ.