За Заев Мицкоски е завршена приказна, му ги дал македонското и знамињата на ЕУ и НАТО да си ги стави на факултет

„Мицкоски е завршена приказна во политиката, затоа му подарив и три знамиња, македонско, од ЕУ и од НАТО, за да може да ги стави во кабинетот на факултетот, а ВМРО-ДПМНЕ да може да се обнови и реформира“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на завршната трибина на караванот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ која се одржа вечерва во Битола.
„Никогаш не им ги заборавајте 11 години режим на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е школо и од него учиме. Ви одзедоа 11 години и сега бараат да гласате за бројот 14. Е сега, одземете им 11 години од бројот 14, пак е бројот 3. Да гласаме за бројот 3, само тоа е сигурност, се друго е опасност“, истакна вечерва Заев од Хераклеа, повикувајќи ги граѓаните и на Битола и на целата држава во среда на 15 јули масовно да излезат на гласање кое ќе биде безбедно по здравјето за сите.