За ВМРО-ДПМНЕ прифатлив е хрватскиот модел за промените во Уставот


Фото: Б. Грданоски

Хрватска е членка на Европската Унија и нејзиниот модел е сосема прифатлив за да се земе како урнек за промена на македонскиот Устав. Ваквиот предлог откако го обелодени  претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а повторно стигна и од белата палата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, со прифаќањето на овој модел, преамбулата ќе претрпи сериозни промени, но малцинствата ќе добијат исти права како и македонскиот народ.

СДСМ не кажува дали ваквиот предлог е прифатлив за нив. Сметаат дека решението ќе произлезе од професионалци кои ќе бидат вклучени во работните групи, но и од јавните расправи.

Според најавите, формирањето на работната група треба да се случи до крајот на идната недела, која треба да го подготви текстот на уставните измени.

Сè уште се прават комбинаторики, но сите се едногласни дека отворањето на Уставот треба да се случи најдоцна за еден месец, за да има време процесот да се затвори до ноември. Под вакви околности, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа бидејќи овој парламентарен состав немал мандат за менување на Уставот.

Дел од партиите на Албанците, пак, бараат од Уставот да се избрише одредницата 20 проценти која ја дефинира употребата на албанскиот јазик. Од СДСМ категорични-сега не е време за отворање други политички прашања.