За ВМРО-ДПМНЕ казнувањето за блокирање патишта е „спротивно на Устав“
Амнестијата на насилниците од обидот за државен удар на 27 април ги покажува последиците и на актуелните протести, каде што се стигна и до фрлање молотови коктели, а сите веруваат дека за таквите дела нема да одговараат, вклучувајќи ги и организаторите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои инаку тврдат дека не се тоа. Според реакциите на ВМРО-ДПМНЕ власта ја злоупотребува МВР, бидејќи прекршочните казни за тие што го блокирале патот во Струмица се „спротивни на Уставот“.
„Граѓаните имаат уставно загарантирано право на протест и можат да го искажат и со блокади и друг вид активности. Власта има должност да го гарантира ова право на граѓаните, а не да го попречува“, еагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, во текот на последните два дена низа граѓани кои го блокираа патниот правец Струмица – Радовиш добиле прекршочни казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за движење по пат и 35 евра за паркирано возило. Платни налози за плаќање на казни, според оваа партија, добиле и луѓе кои не биле воопшто на блокадата.Според оценката на ВМРО-ДПМНЕ според системот на казнување се гледа дека единствена причина и цел е заплашување на народот да не излегува на протест.