За викендот повремен дожд и на повисоките планини снег

Фото: Б. Грданоски

Променливо облчано време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини ќе преовладува за време на викендот.

Од УХМР информираат дека  по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.

Температурите минимални утре и задутре ќе се движаат од 0 до 9 степени, а пониски се очекува од вторик кога ќе се спуштат на некои места и под нулата и ќе се движат од минус пет до четири степени. Дневните ќе бидат меѓу шест и 15 степени.