За викендот нема автобуси до Водно, нема да работи ниту Жичницата


Фото: Б. Грданоски
Поради одржување на ридски натпревар во автомобилизам на Водно, во сабота и недела нема да сообраќаат автобусите на линиите 25, 25А и 25Б, соопшти ЈСП Скопје.

За време на викендот нема да работи ниту Жичницата на Водно.