За укинувањето на апанажата гласаа само 16 пратеници
Против предлогот на Левица беа 13 пратеници. Другите воопшто не се изјаснија
Ништо од укинувањето на апанажата за пратениците и именуваните функционери. Предлогот на Левица да се расправа за него доби поддршка само од 16 пратеници во Собранието доби поддршка само од 16 пратеници. Против беа 13 пратеници а другите не се ни изјаснија при гласањето. Очигледно дека Левица остана осамена во политичкиот пејсаж околу ова прашање.
Предлогот на законот го образложуваше Борислав Крмов од Левица.
„Измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани фунционери ги предлагаме затоа што платите на фунционерите се многу поголеми од тие на другите граѓани и тоа е еден вид на класна и социјална дискриминација. Министри кои се милионери бараат апанажа. Апсурд е државата да издржува милионери. Недозволиво е во една од најсиромашните земји во Европа да се издржуваат функционери милионери“, рече Крмов.
Претседателот на Собранието Талат Џафери од говорницата образложуваше зошто гласал против укинувањето на апанажата.
„Оваа највисока легислативна власт фунционира врз основа на Уставот и Деловникот. Сите имаме предвид дека Собранието не е локална самоуправа кое функционира без надоместоци. Образложението дека фунционерите се милионери и не треба да им следува апанажа. Но што правиме со тие што не се милионери. Еве вие Крмов не сте милионер и ќе треба да останете на волја господова. Држава се гради врз принципи“, рече Џафери.
Лидерот на левица и пратеник, Димитар Апасиев, се најде погоден од исходот на гласањето во Собранието па на Фејсбук напиша: „За укинување на апанажатана јавните функционери гласаа само 16 пратеници. Толку е постот. Пак да си ги гласате“.