За три дена нови 108 случаи на Ковид-19, починале три пациенти


Фото: Б. Грданоски
Во последните три дена во земјава се регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19 од направени 976 тестирања. Оздравени се 135 лица, а во истиот тридневен период регистрирани се три починати лица.
 
-Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена Ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Кумнаново, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции, информираат од Министерството за здравство.
 
Регистрирани сe 135 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.
 
Во текот на изминатите три дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се три починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се  починати во болнички услови.
Направени се 976 тестови преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 466.