За следна година обезбедени 105 милиони денари за заштита на културното наследство

По седум години откако е инициран проектот за конзервација за црквата „Св.Ѓорги“ во Курбиново, конечно почна и реализацијата конзервација на архитектурата, изјави денеска министерката за култура, Ирена Стефоска. Таа најави и дека се работи на тоа манастирот „Св.Богородица“ во Матејче, да биде ставен како културно добро во опасност.

 
Министерката за Утрински брифинг на Слободна ТВ, посочи дека во овие месец и пол дена успеале да обезбедат средства за националниот конзерваторски центар веднаш да почне да работи на превентивна заштита на црвката „Св.Богородица“ во селото Матејче, да се заштити од надворешни влијанија, се до моментот кога ќе почне да се работи на крајно решавање на овој проблем.
 
-Заштитата на нашите културни добра мора освен надлежните институции мора да се вклучи и локалните самоуправи и се разбира имателот на сите овие добра во случајов зборувам за МПЦ, апелирам сите страни да го понесат својот дел од одговорноста ако сакаме да направиме максимално професионален систем на заштита, појасни министерката.
 
Како што информира, за следната година обезбеден е буџет од околу 105 милиони денари само за заштитата на културното наследство. Појасни дека споредено со оваа година буџетот бил 70 милиони. Во просек минатите десет години и повеќе просекот за заштита бил 40 до 60 милиони денари.
 
Стефоска истакна дека уште од првиот ден со министерскиот кабинет ги трасираат и паралелно работат на неколку фронта за да почне процесот на подобра или системска заштита за која што е потребно да работат надлежните институтиции, нормативниот дел, реорганизација, кадровски екипирање, инфраструктурни екипирања, финансии.
 
-Уште во 2017г. управата за заштита на културно наследство иницирала ова културно добро манастирот „Св.Богородица“ во Матејче, да биде ставено како културно добро во опасност. Повторно се актуелизира таа процедура и колку што сум информирана националниот конзерваториум и управата работат на тоа исто како и во случајот на црква „Св.Ѓорги“ во Курбиново, бидејќи ставањето според законската можност на едно културно добро во опасност подразбира мобилизација на сите ресурси во државата, финансиски, кадровски, вклучително и странска експертиза, рече Стефоска.