За синдикалната кошница во јули се потребни 68.498 денари, за 156 денари помалку од истиот месец лани
Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68.498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.
Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари.
Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци – 25.012 денари.