За шест месеци од албанско државјанство се откажале 103 лица


(Фото: Независен)

Во првата половина од годинава, од албанско државјанство се откажале 103 лица, а во истиот период минатата година се откажаа 315 луѓе.

– Значителен дел од граѓаните кои се откажуваат од албанскиот пасош е поради стекнување друго државјанство, како што се германско или француско, чии закони не дозволуваат двојно државјанство, објави „јуроњуз.ал“ (eurоnews.al).

Според статистиката минатата календарска година од албанско државјанство се откажале 900 лица, што претставува највисока бројка досега во една година, додека од 2004 до 2024 година се откажале околу 522.000 албански граѓани.

– Во меѓувреме во периодот јануари – јуни барања за добивање на албански пасош поднеле 400 лица што претставува благо зголемување во споредба со истиот период минатата година. Станува збор главно на Албанци родени во странство, особено на деца на имигранти, кои сакаат да добијат државјанство на своите родители или да имаат два пасоша. Меѓу нив има и Албанци од соседните земји, каде е дозволено двојно државјанство.