За секоја општина СДСМ ќе прави посебна коалиција
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/01/СДСМ.webp)
Лидерот на СДСМ, венко Филипче, најави денес дека на следните локални избори СДСМ нема да прави една коалиција – туку ќе коалицира со разни партии во разни општини. Ваквиот став го усогласиле органите на партијата, а најавите се дека во првата половина на април ќе ги имаат првите сознанија за теренските анкети околу можните кандидати.
Филипче потврди дека СДСМ ќе избира претседател на 16 март . СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на директни внатрепартиски избори, а актуелниот претседател Венко Филипче беше избран на непосредни внатрепартиски избори лани во јуни откако претходниот претседател Димитар Ковачевски поднесе оставка по поразот на парламентарните и претседателските избори. Според статутот на СДСМ, по оставка на претседател на партијата, наредниот се избира на вонреден Конрес за да го доврши претходниот мандат. така, Филипче практично го завршува мандатот на претседател на СДСМ што го доби Зоран Заев во март 2021-ва, па поднесе оставка на крајот на 2021-ва кога мандатот го презеде по внатрепартиски избори Димитар Ковачевски. И Ковачевски си даде оставка по што на вонредни партиски избори беше избран Филипче лани во јуни.
На последните избори кога победи Филипче, тој имаше двајца противкандидати, а третата, кандидатка се повлече од изборната трка.