За СДСМ рокот тече, се подготвуваат за новата влада


Од СДСМ соопштија дека ги продолжуваат „сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат“.
-По предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, минатиот вторник се конституираше новиот парламентарен состав и почна да тече 10 дневниот рок за формирање парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата, оценија од оваа партија.
Тече ли или не тече рокот за формирање влада е нов потенцијален проблем, откако од ВМРО-ДПМНЕ почнаа да го спорат конституирањето на Собранието, а викендов наводно во тоа им се приклучил и ДУИ. Која е улогата во тоа на Талат Џафери, кој според информациите до викендов немаше пратено писмо до претседателот да го извести за конституирањето на Собранието, и која  е поентата да се развлекува изборот на владата, се уште не е јасно.Она што е јасно дека евентуалните губитници подготвуваат политичко сценарио тоа што овојпат изгхледаше дека ќе биде полесно од минатото скандалозно формирање на владата, да се искомплицира повторно, ако не се најдат во идниот состав.
Од ВМРО-ДПМНЕ утрово оценија дека на Македонија не и е потребна уште една влада со која  туку сигурна иднина што наводно тие можат да ја обезбедат.