За помалку од две недели милион случаи со корона вирус во азиското жариште

Индија

Индија забележа уште еден пораст од 90.632 новозаразени со корона вирус, во последните 24 часа, откако инфекцијата се прошири по помалите градови и селата.

Според податоците на Министерството за здравство во Индија вкупно се заразени 4.113.811 лица, нешто помалку од потврдените бразилски 4.123.000 инфекции.

Министерството денеска пријави 1.065 смртни случаи па вкупниот број е 70.626.

Во Индија за помалку од две недели откриени се повеќе од милион случаи. Властите велат дека дневно се тестираат повеќе од милион луѓе.

Шест од 28 индиски држави Махараштра, Андра Прадеш, Тамил Наду, Карнатака, Утар Прадеш и Делхи, и понатаму се најмногу погодени, каде се регистрирани 75 отсто од вкупните смртни случаи и речиси 65 отсто од вкупниот број заразени.