За половина година од БиХ заминале 30 илјади лица за да работат во странство
Организацијата за одржливо враќање објави дека само од почетокот на оваа година 30 илјади луѓе ја напуштиле Босна и Херцеговина.
Претседателката на Унијата за одржливо враќање во БиХ, Мирхуниса Зукиќ, рече дека владата не реагирала на тие податоци.
-Парламентарното собрание на БиХ никогаш не стави точка на дневен ред – заминување на граѓаните на БиХ. Ако ништо, барем да се покаже во јавноста дека тие се грижат, изјави Зукиќ за ТВ Н1. Според неа, луѓето што имаат сигурни работни места ја напуштаат БиХ, а најмногу заминуваат од Посавина и Херцеговина.
-Феноменот е огромен, луѓето си заминуваат, ги напуштаат своите работни места. Заминуваат организирано, додаде Зукиќ.
Таа рече дека од БиХ заминуваат цели семејства и дека се затвораат училишта.