За пет години лебот поскапел 65 отсто, трети сме во Европа по зголемување на цената


Во Македонија во последните пет години лебот поскапел за 65 отсто, што е едно од наголемите поскапувања на овој производ меѓу европските земји. Како што покажуваат податоците на Евростат тоа е третото најголемо поскапување на лебот во изминатите пет години.

Поголеми поскапувања на лебот имало во Унгарија, каде лебот во тој период поскапел за 113 отсто и во Полска со пораст од 75 отсто.

Во Словачка лебот за овој период поскапел за 62 отсто, во Хрватска за 58 отсто, во Бугарија за 54 отсто, во Србија за 39 отсто…

Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто и во Шведска – 20 отсто.