За пензионерите со пензија до 15.000 денари картичка од 9.000 денари, за стечајците по 12.000
Секој пензионер со пензија до 15.000 денари ќе добие домашна платежна картичка од 9.000 денари, секој стечаен работник 12.000 денари за купување домашни производи, изјави денес на партиска трибина во Чаир премиерот Оливер Спасовски.
Тој додаде дека домашни плтаежни картички ќе добијат и невработените кои не се активни баратели на работа, како и секој самохран родител.
„Продолжуваме со конкретни проекти, не со лаги и манипулации што ги нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски.