За операција во Виена се чека и до 5,5 месеци

Чекањето операција во виенските болници во изминатиот период стана се подолго и подолго, предупреди пратеничката на Народната партија (ОВП) Ингрид Корошец.

Кон крајот на септември на листа за чекање за некаква операција имало 3.681 лице.

Корошец  ја критикуваше скандалозната состојба околу чекањето, особено зголемено по отворањето на Клиничкиот центар-север, што требаше да го намали притисокот за добивање место во операциските сали.

Во девет од 16 случаи пациентите за операција чекаат повеќе од 100 дена.

Рекордот во чекање го постигнала болницата Рудолфштифтунг каде се чека и до 166 дена  за некаква ортопедска хируршка интервенција.

Најголемиот број пациенти кои чекаат на операција е регистриран во Клиничкиот центар-Хицинг, каде 1.077 лица чекаат за операција на очи.

Волфганг Вајсмилер од Лекарската комора изјавува дека за се подолгото чекање на пациентите виновнен е недостигот од персонал.

-Во новата болница Клинички центар-север операциските сали се затворени бидејќи нема персонал за операции. Оваа ситуација во следните години и натаму ќе се влошува, предупреди Вајсмилер.