За оние кои го прележале вирусот ќе се издава специјален пасош


Благодарение на овој важен документ, нема да има ограничувања во движењето за нив.

Чиле има намера да стане првата земја што ќе издаде „светски пасош“ на луѓе кои се стекнале со имунитет по закрепнувањето на коронавирусот.

Тој специјален пасош би овозможил секој што се опоравил од коронавирусот или е тестиран за антитела да се вратат на работа и да и помогнат на земјата да се отвори, пренесува Вашингтон пост.

Паула Даза, портпарол на чилеанското Министерство за здравство, изјави дека повеќе од 4600 луѓе веќе имаат право на тој специјален пасош.

„Токму овие луѓе можат да и помогнат на заедницата најмногу, затоа што тие не претставуваат ризик“, рече министерот за здравство во објавувањето на документот.

Друг дел од чилеанските власти потсетува на наједноставниот факт дека во Јужна Кореја се пријавени 141 случаи на коронавирус

И покрај овој факт, Чилеанците можат да се пријават и да  апликацираат за пасош и да бидат тестирани за антитела и доколку не покажале симптоми на болеста да го добијат тој посебен документ.

Властите во Сантијаго изјавуваат дека сите биле закрепнато 14 дена по прекинот на симптомите или излегувањето од болницата, а оние со помал имунитет после 28 дена.

Чиле досега тестирал повеќе луѓе од другите земји од Латинска Америка, а денес има 10.507 позитивни и 139 смртни случаи во таа земја.