За новогодишната ноќ снег само на планините, во останатиот дел суво и температура до минус два


Фото: Б. Грданоски

Новогодишната ноќ со врнежи од снег ќе биде само на повисоките места. Во пониските предели, според метеоролозите, ќе биде суво, а во западните делови ќе има услови за слаб дожд.

Од УХМР информираат дека за време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места. Минималата темпратура ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари на некои места ќе се спушти до минус два, а највисоката ќе биде до три степени. Првиот ден од новата година температурата ќе се движе меѓу 8 и 13 степени.

Од утре во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови со повремен дожд, на повисоките планини од снег.

Темпeратурите ќе бидат над нулата. Утре ќе се движи минималната од еден од седум, задутре од два до седум, четврток од 3 до осум. Под нулата паѓаат по нова година, односно на 1 јануари ќе биде од минус два до четири, сабота од минус три до четири и во недела од минус еден до шест.

Дневните температури целата недела ќе се движат меѓу пет и 16 степени.