За нови членови на ДИК се пријавиле осум кандидати
Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието денеска ја утврди листата на кандидати за избор на членови на Државната изборна комисија на која има осум кандидати.
На огласот се пријавиле Ивана Костадиноска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ангелчо Ристов од Делчево, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација, Атанас Урумов од Гевгелија, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ѓорѓи Коробашиев од Велес, дипломиран економист, Светлана Карапетрова од Тетово, дипломиран економист и магистер по економија финансии, сметководство и ревизија, Емилија Андовска од Велес, дипломиран правник, Бети Горѓиеска од Скопје, дипломиран инженер по електротехника и Јана Илиева од Скопје, дипломиран правник и доктор на науки по меѓународно право.
Согласно Изборниот законик, за член на ДИК може да биде избрано лице кое е државјанин на Македонија со постојано место на живеење во земјава, да има завршено високо образование, со најмалку осум години работно искуство и да не член на орган на политичка партија.
Собранието ја донесе одлуката за огласување на избор членови на ДИК на седницата на 2 октомври.