За Нова година нема потреба од нови мерки, собири има секаде


Фото: Б. Грданоски

Нема дополнителни рестриктивни мерки поради новиот Омакрон сој на корона вирусот.

Министерот за здравство , Венко Филипче, смета дека опфатот на вакцинацијата е висок, иако веќе нема голем интерес. Тој кажа дека дел од ковид центрите се затвораат, а болниците се растеретени.

„Не можеме да предвидиме дали нова варијанта на вирусот ќе придонесе да се влоши ситуацијата. Сега илегуваат дека значајно се зголемува ефикасноста против омакрон вирусот, кога се прима бустер дозата“, кажа Филипче.

– Собири на јавни места за Нова година има секаде, вели Филипче, поради тоа, нема потреба само за дочекот да се воведат рестрикции.