За нејзиниот настап сѐ уште се зборува: Ја запали евровизиската сцена со својот огнен танц


Претставничката на Израел на Евровизија е Ноа Кирел (22), во родната земја е многу популарна актерка, пејачка и судија во шоуто „Израел има талент“.

Благодарение на младата ѕвезда, Израел влезе во финалето на Евровизија, а нејзиниот настап се прераскажува по првата полуфинална вечер.

Таа е родена во малото гратче Раанана во централниот дел на Израел и се чини дека е предодредена да биде ѕвезда уште од рана возраст.

На само 14 години, таа го издаде својот деби сингл, по што следеше договор со Атлантик рекордс. Досега има објавено дури 41 сингл, а нејзините хитови на Јутјуб ги слушале над 500 милиони луѓе.

Британската евровизиска претставничка Меј Мулер кажа дека е нејзин голем обожавател, а веќе ја поканила да излезат заедно: „Сѐ уште не сме се виделе ниту сме отишле на вечера, немав време, но сигурна сум дека ќе го направиме тоа“, им откри Ноа на новинарите, на првото официјално претставување во Ливерпул.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Noa Kirel (@noakirel)