За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор


Фото: Б. Грданоски

Напуштање на домашно милениче, домашно или диво животно се пријавува во полиција или во општинското правобранителство.

Казната е до една година затвор или до две, ако напуштањето предизвикало смрт на животното или биле напуштени поголем број животни. Казните за кривичното дело убивање и мачење животни се зголемуваат до затворска казна до две години или до три години ако овие дела се сторени за профит.

Исто така, отсега на злоставувачите и убијците на животни може да им се изрече и безбедносна мерка забрана за чување и стекнување животни, во период од една до пет години, пишува Н1.

Предлозите до Министерството за правда и администрација ги испрати Здружението Пријатели на животните, кои се исклучително задоволни од измените на Кривичниот законик бидејќи, како што наведуваат, ова е „историски чекор напред во заштитата на животните во Хрватска“. .