За Меџити не е проблем што програмер станува министер за здравство


 

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска го коментираше изборот на Азир Алиу за нов министер за здравство. Запрашан како програмер ќе се снајде на новата функција министер за здравство, Меџити одговори:

„Пред сѐ треба да биде добар менаџер за функцијата министер. Имало вакви примери и во минатото, и мислам дека Алиу ќе биде добар на таа позиција“, рече Меџити.

На прашањето дали очекува новиот директор на ЦУК, Мухамед Аљи од редовите на ВЛЕН да го следи примерот на Ангелов, Меџити само кусо одговори: „Можеби ќе го надмине“.
 
Меџити информираше дека се работи на предлозите за министри и дека тие деновиве ќе бидат доставени до Владата.Како што истакна Меџити, се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции.
 
„Деновиве се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции. Се работи на тоа, деновиве предлозите ќе бидат доставени. Во однос на Алиу, мислам дека е најдобар предлог за таа позиција. Министер треба да биде добар менаџер кој го познава системот и кој може да придонесе за подобрување на ресорот. Алиу мислам дека е најдобар предлог за таа позиција“, нагласи Меџити. 

 

Тој додаде исто така дека вчера 10 членови од Алијанса за Албанците на чело со Арбен Фетаи се вклучиле во претседателството на „Вреди“.