За ЕК е важно да се спроведе договорот на Македонија со Бугарија


 

Портпаролката  на Европската комисија, Ана Писонеро, ја истакна важноста од спроведувањето на договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија. Писонеро одби да ги коментира споровите меѓу двете страни во последните денови, но рече:

„Мислам дека е многу важно за нас добрососедските односи на Западен Балкан и регионалната соработка да останат клучни елементи во процесот на проширување, како и во процесот на асоцијација и стабилизација.Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија се многу позитивен пример за регионот и пошироко. За нас е многу важно овие билатерални договори да продолжат да се применуваат од сите страни “.

Премиерот  Зоран Заев, ја опиша изјавата на министерот за надворешни работи Екатерина Захариева како „ниту добрососедство, ниту братска, ниту европска“ и додаде дека ако работите останат исти, македонскиот народ мора да се подготви дека преговорите со ЕУ нема да започнат во декември.