За едни Задушница, за други продолжен викенд


Денешниот неработен ден, поради верскиот празник Задушница и продолжениот викенд, предизвикаа зголемен број возила да има на Граничниот премин „Богородица“.

Најмногу возила утрово се упатиле кон соседна Грција, на преминот „Богородица“, додека на „Меџитлија“ кај Битола бројот е помал.

На граничните премини кон Србија утрово не се забележани поголем број на возила.