За една година 17 нови членки на Македонско-германското стопанско здружение, сега се 153


Македонско-Германското стопанско здружение го одржа 23-то редовно годишно собрание на кое присуствуваа 70 претставници на компаниите членови.

Герт Рабов, директор на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение информираше дека во текот на 2022 година беа организирани 35 работни настани. Измината година се зголеми бројот за 17 нови членови со што Македонско-Германското стопанско здружение и понатаму останува најголемо билатерално стопанско здружение во земјата со 153 компании членови.

Рабов објасни дека и оваа година ќе продолжат активностите на кои ќе ги презентираме и застапуваме интересите на компаниите членови. Планирани се тркалезни маси со заменик претседателот на Владата, панел дискусии на стручни теми, делегациски патувања во земјата и Германија, официјално отворање на новата канцеларија, неформални бизнис средби како Октоберфест, божиќна Б2Б забава, планинарска тура, како и посета на компании членови итн.

И оваа година ќе се информираат членовите за Македонско-Германските стопански односи преку Утринската телеграма, АХК блогот, социјалните медиуми и новата интернет страна.

Членови на Управен Одбор на Македонско- Германско стопанско здружение:

Мирјана Симоновска-Ќука, Претседател, директор на Шмитц Каргобул Македонија.

Мартин Николовски, Заменик претседател на Македонско- Германско стопанско здружение, , директор на Хипомед

Герт Рабов, Директор на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија (Вршител на должноста)

Огнен Цубалевски, директор на ОДВ Електрик Македонија

Јурген Шмит, Генерален директор на Маркарт Македонија

Роберт Новески, Генерален директор на Sinceritas

Златко Антевски, Адвокат -Адвокатска канцеларија Антевски

Маријан Малинов, Генерален секретар на Македонско-Германско стопанско здружение