За еден ден за третина намалено количеството руски гас што минува низ Украина

Количеството руски гас што преку Украина оди кон Европа, денеска ќе биде помалку за речиси една третина во однос на претходниот ден, соопшти рускиот гигант „Гаспром“, поради тоа што снабдувањето втор ден по ред е погодено од војната во земјата.
Околу 50,6 милиони кубни метри гас треба денеска да протече преку станицата Судја во однос на 72 милиони кубни метри, колку што мина минатата недела, наведува „Гаспром“, јавија руски медиуми.
Украина два дена по ред соопштува дека не може веќе да пренесува гас преку поставување станица близу Сохранивка во регионот Луганск, поради присуство на руските сили. Затоа, се смалувало снабдувањето. Москва тврди оти не може да се зголеми обемот преку друг гасовод.