За еден час во Бугарија удриле 3.000 громови


 

Силно невреме мина над Бугарија во изминатите часови. За само еден час удриле околу 3.000 громови, јави Нова ТВ.

Невремето се пресели од запад-северозапад низ земјата со пороен дожд, силен ветер и град. Повторно има многу поплавени градови, а најсериозна е ситуацијата во Карлово.