За два месеца изречени 30 казни за граѓани што оставале кабаст отпад по Карпош
Општина Карпош објави дека во рамки на акцијата за двосменски инспекциски дежурства за контрола на непрописно одлагање на кабаст отпад во контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“, инспекциските служби во текот на месеците мај и јуни, изрекле околу 30 прекршочни санкции за граѓани.
„Акцијата се реализира согласно заклучоците од координативниот состанок помеѓу Град Скопје и скопските општини, со цел подобрување на состојбата со правилното одлагање на отпадот и унапредување на јавната хигиена.
Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со засилени инспекциски контроли, со цел зачувување на животната средина и унапредување на јавната хигиена“, информира локалната самоуправа.