За два дена 70 пациенти со Ковид-19 повеќе во болница


Фото: Б. Грданоски

Ако само пред два дена во болница се лекуваа 357 пациенти, денеска во болница се  426 пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се три пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.