За десет дена кон Европа по автопат: Вучиќ најави отворање на Коридорот 10


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Пекинг најави дека за десет дена ќе биде отворен јужниот дел на Коридорот 10.

„Би сакал да учествувам во отворањето на јужниот дел на Коридорот 10, за десет дена ќе биде завршен, за десет ќе може да патувате кон Скопје, Солун, Атина без ниту еден метар кој не е автопат“, рече Вучиќ.