За денешниот ручек ви предлагаме да направите слатка зелка со бујон по италијански рецепт


Слатката зелка е направена од евтини состојки кои обично ги имате дома. Некои домаќинки сакаат да го збогатат ова јадење со месо, а некои сепак се одлучуваат за верзија без месо. Наш предлог денес е да направите слатка зелка по рецепт на италијанските домаќинки. Се крчка во бујон, а вкусот е фантастичен. Слатката зелка е одличен предлог за ручек, а пробајте ја посната верзија на слатката зелка.

Состојки:

2 главици кромид
1 кг свежа зелка
3 супени лажици доматна паста
1 лажица оцет
1 лажица шеќер
1 лажица брашно
2 ловорови листови
1/2 чаша вода
200-220 мл бујон од зеленчук

Подготовка:

На малку масло пропржете го исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете ја ренданата зелка. Пржете уште 3 минути, мешајќи, а потоа истурете ја супата од зеленчук. Покријте и варете околу 15 минути, а потоа додадете ја доматната паста, оцетот, брашното и ловоров лист. Добро измешајте и варете ја слатката зелка уште 10 минути. После тоа, посолете и ставете бибер на слатката зелка, а потоа измешајте.