За Демократскиот сојуз предлозите на Георгиевски се шарлатански


Демократскиот сојуз ги отфрла како несериозни и аматерски предлозите за решавање на спорот со Бугарија изнесени од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

-Зачудувачка е леснотијата со која Георгиевски лицитира со основните атрибути на македонскиот национален идентитет и се обидува да ги претстави како конструктивно решение во полза на двете страни.Предлозите на Георгиевски, особено за настанокот на македонскиот јазик, се порадикални и подеструктивни дури и од предлозите на најзакоравените бугарски националисти.Не е случајно што тие едногласно му честитаат на предлозите и му даваат безрезервна поддршка, зашто според нивниот тон и содржина, Георгиевски настапува како советник на бугарската влада, реагираат од оваа партија.

Демократскиот сојуз смета дека во еден сериозен спор во кој се релативизираат и негираат основните идентитетски параметри на македонскиот народ, не смее да им се дава гласност на шарлатански предлози,  каков што е последниот од некогашниот премиер Љубчо Георгиевски.

-Со Бугарија немаме заедничка историја, ниту пак основа да славиме заеднички датуми и личности. Корените на македонскиот народ се длабоки и на никој нема да му дозволиме да ги сосече, стои во реакцијата на Демократскиот сојуз.